ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?
- Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник? Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.