• петок, 05 декември 2025

Владев: Во Свети Николе ќе се гради Дом за стари лица

Владев: Во Свети Николе ќе се гради Дом за стари лица

Штип, 2 октомври 2025 (МИА) - Во работна посета на Општина Свети Николе денеска престојуваше заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, информираше градоначалникот Дејан Владев.

Тој истакна дека на состанокот разговарале за повеќе теми од заеднички интерес и идната соработка помеѓу локалната самоуправа и Министерството.

-Најважната вест е дека заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе почнеме со изградба на нов старечки дом, кој ќе обезбеди достоинствени услови и квалитетна грижа за нашите повозрасни сограѓани, вели Владев.

Тој додаде дека Општина Свети Николе продолжува со посветена работа во интерес на сите генерации. вдј/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан