Влада: За шест месеци линеарно зголемени пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 2 април 2025
Почитувани,
За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари.
На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија.
Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци.
Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија.
Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер.
Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено.
Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби.
Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.
Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Со почит,
Генерален секретаријат
Сектор за односи со јавноста
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива