• вторник, 07 јануари 2025

Владата ќе одлучува за посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали

Владата ќе одлучува за посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде разгледан денеска на редовна седница на Владата. Целта на предложените измени е предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошувачи-производители како и на категоризација на градбите за производство на електрична енергија од обновливи извори, информира владината прес-служба. На 75. седница, меѓу другото, пред членовите на Владата ќе се најде и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. За заклучоците и одлуките од владината седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, најави владината прес-служба. лв/дма/

Остани поврзан