• вторник, 05 ноември 2024

Вкупно 46 заболени лица од пертусис на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово

Вкупно 46 заболени лица од пертусис на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово

Куманово, 3 јуни 2024 (МИА) - Триесет и три заболени лица од пертусис во Куманово, регистрира Центарот за јавно здравје, заклучно со крајот на претходната работна недела (31 мај 2024-петок) соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека 33  лица се од Куманово, пет од различни населени места од општина Липково. По четири случаи има регистрирано и во Крива Паланка и Кратово или севкупно 46 лица.

- Заболените од последните пријавени случаи се на различна возраст од доенчиња до постари лица. Двомесечно доенче е хоспитализирано во Козле, останатите се на домашно лекување, изјави доктор Рамизи.

Првиот случај на пертусис во Куманово е евидентиран на 6 февруари годинава.

Од здравствената установа информираат дека продолжува вакцинацијата, постојано се повикуваат родителите да ги вакцинираат децата. 

Од Центарот за јавно здравје велат дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје: засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комуникации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните. ам/дма/


Фото: МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан