• недела, 18 јануари 2026

Вкупно 341 интервенција имала Противпожарната во Кавадарци минатата година

Вкупно 341 интервенција имала Противпожарната во Кавадарци минатата година

Кавадарци, 16 јануари 2026 (МИА) - Вкупно 341 интервенција имала Противпожарната во Кавадарци минатата година, информираше попладнево за МИА, командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов.

-Во 35 случаи интервениравме на внатрешен, затворен простор. Вкупно 155 пати гасневме пожар на отворен простор - сува трева, шамак, шума. Беа запалени 36 оџаци. Во 41 случај гореа контејнери. Технички интервениравме во 74 случаи, појасни Чадамов.

null

Командирот на Противпожарната служба во Кавадарци апелираше до населението за поголема внимателност. Тој алармираше во овој период од годината особено да се внимава на грејните тела и редовно да се чистат оџаците и димните канали. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан