Виткоф: САД, Украина и Русија се согласија за размена на 314 затвореници
- Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф изјави дека денеска делегациите на САД, Украина и Русија се согласиле да разменат 314 затвореници - што е прва таква размена во последните пет месеци.
Вашингтон, 5 февруари 2026 (МИА) - Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф изјави дека денеска делегациите на САД, Украина и Русија се согласиле да разменат 314 затвореници - што е прва таква размена во последните пет месеци.
„Овој исход е постигнат по детални и продуктивни мировни преговори. Иако претстои значителна работа, чекори како овој покажуваат дека одржливиот дипломатски ангажман дава опипливи резултати и ги унапредува напорите за завршување на војната во Украина“, наведе Виткоф на Икс.
Тој додаде дека разговорите ќе продолжат и дека се очекува натамошен напредок во наредните недели. рп/ми/
Фото: МИА архива