• недела, 24 ноември 2024

Висок функционер на Пентагон поднесе оставка по барање од Трамп

Висок функционер на Пентагон поднесе оставка по барање од Трамп
Вашингтон, 19 февруари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Џон Руд поднел оставка од неговата функција како висок политички претставник во Министерството за одбрана по две години од неговото назначување, јави Радио Слободна Европа. - Би сакал да му се заблагодарам на Џон Руд за неговата служба за нашата земја и да му посакам добро во неговите идни напори, напиша Трамп на Твитер. Повикувајќи се на анонимни извори, „Блумберг“ објави дека Руд се соочил со притисок да поднесе оставка, откако официјални лица изгубиле доверба во неговата способност да ја спроведе агендата на претседателот. Руд, кој беше назначен за потсекретар за одбрана задолжен за политички прашања во јануари 2018 година, му даде зелено светло на Конгресот во мај да одобри 250 милиони долари воена помош за Украина, која се бори против проруските сили во источниот дел на земјата. Руд преку електронска пошта го предупредил секретарот за одбрана Марк Еспер да не ја задржува воената помош за Украина. Пораката била испратена истиот ден кога претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му се заблагодари на Трамп за време на телефонскиот разговор за американската воена поддршка и рече дека неговата земја е подготвена да купи повеќе противтенковски оружја. Трамп во истиот разговор бара од Зеленски неговата земја да отвори истрага за Џо Бајден, кој му е политички ривал. Демократите потоа покренаа истрага за импичмент на Трамп, кој на почетокот на овој месец. беше ослободен од Сенатот за злоупотреба на службената должност и опструкција на обвиненијата во Конгресот.

Остани поврзан