• сабота, 21 декември 2024

Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за младиот Леонид средствата од хуманитарната изложба ,,Од дете за дете"

Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за младиот Леонид средствата од хуманитарната изложба ,,Од дете за дете

Кавадарци, 22 август 2023 (МИА) - Вински музеј Кавадарци ќе ги донира за младиот Леонид, финансиските средства собрани од хуманитарната изложба ,,Од дете за дете", информираше вечерва Весела Честоева, директор на оваа културна институција.

- Донесовме одлука  со која средствата собрани од  изложбата што се реализираше во рамките на Мини ликовната колонија, како и средствата што ќе ги собереме на престојната изложба на 7 септември,  да ги  донираме  за лекувањето на младиот и талентиран Леонид, кој по тешка несреќа што се случила пред две недели, се соочува со сериозен здравствен предизвик, за што неопходна му е нашата помош и поддршка, соопшти Честоева. 

Таа апелираше сите заедно да се обединиме во хуманоста и да помогнеме, младиот Лео да закрепне. 

- Повикуваме  сите да се приклучат со донирање преку  повик на телефонските броеви,  А1: 143 500 и Телеком: 143 118. 
Да бидеме хумани и да помагаме, бидејќи младиот Леонид заслужува да живее, а секој од нас може да се најде на другата страна од приказната. Му посакуваме  на младиот Лео брзо оздравување, порача Честоева. свд/са/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан