• петок, 22 ноември 2024

Вилијан е првиот бразилски фудбалер со 250 настапи во Премиер лигата

Вилијан е првиот бразилски фудбалер со 250 настапи во Премиер лигата
Лондон, 30 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Арсенал, Вилијан влезе како замена во 46. минута од вечерашниот натпревар од шампионатот на Англија против Манчестер јунајтед. Триесет и двегодишникот Вилијан е првиот Бразилец кој одигра 250 натпревари во Премиер лигата, објави „Sky Sports Statto“. Лукас Леива е втор Бразилец во ова статистичка категорија со 247 премиерлигашки средби во периодот 2007 - 2017 година. Вилијан оваа сезона одигра 21 натпревар за Арсенал и има три асистенции. зс/

Остани поврзан