• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Викендов на програмата 21 коло во ПМФЛ

Викендов на програмата 21 коло во ПМФЛ


Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) – Комплетното 21 коло во Првата македoнска фудбалска лига (ПМФЛ) на програмата е претстојниот викенд.
Прволигашкото коло ќе го отворат Вардар и Беса, в сабота од 14 часот, додека преостанатите пет натпревари ќе се играат во истиот термин в недела.
Лидерот Шкендија го пречекува Тиквеш, додека второпласираниот Работнички му гостува на третопласираниот Гостивар во дерби на колото.
Силекс е домаќин на актуелниот шампион Струга, фудбалерите на Шкупи пред своите гледачи го пречекуваат Пелистер, додека Брера Струмица ѝ гостува на Воска. ег
ФОТО: МИА

 

Остани поврзан