• вторник, 12 ноември 2024

Виенски бал на 13 мај во „Александар Палас“ во Скопје

Виенски бал на 13 мај во  „Александар Палас“ во Скопје

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на 13 мај, ќе се одржи 22. издание на Виенскиот бал. Настанот е под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус. 

Како што е најавено, гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. 

И годинава, Виенскиот бал во Скопје има хуманитарна димензија. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село,

Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот. За време на настанот, а со поддршка од „Елена Лука“ ќе се одржи и модна изложба на десетина луксузни, „Haute couture“ креации.

Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат уметници - оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска - ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен од Унгарија, Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска. - танчери на Танцовиот клуб „Прима Данца Врачар“, плесна школа од Белград - Свингерси - и вокалните солисти: Драган Бобиќ - Дексо, Калина Велковска. Водител на Балот е Вера Мештеровиќ. 

На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите - свечена долга тоалета, а за господата - смокинг, темно одело или униформа.

-Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста соопштија организаторите.бт/лв/
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан