• четврток, 27 јуни 2024

Вечерва во Општина Маврово и Ростуше ќе се врши дезинсекција

Вечерва во Општина Маврово и Ростуше ќе се врши дезинсекција

Дебар, 20 јули 2023 (МИА) - На територијата на Општина Маврово и Ростуше вечерва ќе се врши првата адултицидна дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

- Дезинсекцијата, како општа противепидемиска мерка ќе се изведува по 22 часот до раните утрински часови, според претходно утврден план и динамика, само под поволни временски услови. Тоа е согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

Поради тоа се замолуваат сите граѓани да преземат мерки за заштита, со посебен акцент на пчеларите за заштита на пчелните семејства, за да не би дошло до несакани последици. вт/вг/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан