• вторник, 19 ноември 2024

Весли Снајдер ќе биде тренер

Весли Снајдер ќе биде тренер


Амстердам, 4 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот прославен холандски репрезентативец и фудбалер на Интер и Реал Мадрид, Весли Снајдер, најави дека планира да почне тренерска кариера.
„Имам само 40 години, имам многу време. Сè уште не сум го започнал курсот, но тоа е во моите планови. Навистина имам намера да почнам тренерска кариера, но во моментов во тоа ме спречуваат некои лични проблеми“, изјави Снајдер за холандските медиуми.
Снајдер ја заврши својата кариера како фудбалер во август 2019 година.
Освен за Интер и Реал Мадрид, поранешниот холандски репрезентативец настапуваше и за Ајакс, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан