• сабота, 21 декември 2024

Верати и Флоренци оздравеа од коронавирус

Верати и Флоренци оздравеа од коронавирус
  Париз, 11 април 2021 (МИА) – Актуелниот француски првак ПСЖ ќе биде посилен во претстојниот период за Марко Верати и Алесандро Флоренци, откако двајцата италијански фудбалери оздравеа од коронавирус. Француските медиуми јавија денеска дека тестирањата покажале негативен наод на Ковид-19 кај двајцата фудбалери, по што нивното враќање во тимот сега зависи од процената на лекарскиот тим околу нивната физичка подготвеност. Верати и Флоренци се заразија со коронавирус непосредно по враќањето во Париз од настапите со италијанската репрезентација во мартовските мундијалски квалификации. Вкупно осум репрезентативци на Италија беа заразени со коронавирус на крајот од март. ег/

Остани поврзан