• понеделник, 23 декември 2024

Венецуелски генерал се предаде на ДЕА

Венецуелски генерал се предаде на ДЕА
Вашинггтон 28 март 2020 (МИА) - Вработени во Одделот за борба против наркотици (ДЕА) полетале синоќа за Колумбија да го приведат Кливер Алкала Кордонес, венецуелски генерал во оставка, кој од САД е обвинет за нарко тероризам, објавија некои американски медиуми. Според весникот „Ел тиемпо латино“, генералот се предал на колумбиските власти, кои синоќа го пренеле до аеродромот Баранкила, каде го чекале вработени во ДЕА, и оттаму тој полетал за Њујорк. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, претходиот ден, САД ги обвинија претседателот на Венецуеала, Николас Мадуро, Алкала, и уште десетмина високи официјални лица на Венецуела за „нарко тероризам“. Стејт департментот на САД распиша награда во висина од 10 милиони долари за информација која би довела до апсење на Алкала. Јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар го обвини Мадуро и близок круг на негови соработници за криминален заговор со колумбиската терористичка организација „ФАРК“, со цел „да ги преплават САД со кокаин“. Откако беше подигнато обвинението, Алкала на својот Твитер соопшти дека тој е дома и се предава на колумбиските власти. Се дознава дека се согласил да соработува со обвинението. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан