• сабота, 12 октомври 2024

Венецуелската армија го отфрли повикот на опозицијата да ја поддржи

Венецуелската армија го отфрли повикот на опозицијата да ја поддржи

Каракас, 6 август 2024 (МИА) - Вооружените сили на Венецуела денеска го отфрлија повикот на опозицијата за поддршка, кој го сметаа за „очаен и бунтовен“, потврдувајќи ја нивната „апсолутна лојалност“ кон претседателот на земјата, Николас Мадуро, чиј реизбор на претседателските избори го оспорува опозицијата.

-Одлучно ги отфрламе очајните и бунтовничките предлози кои „се стремат да го нарушат нашето единство“, изјави министерот за одбрана, генерал Владимир Падрино, и додаде дека е потврдена „апсолутна лојалност кон граѓанинот Николас Мадуро, кој беше легитимно реизбран од народните власти“ за претседател на Венецуела.

Од друга страна, опозициската лидерка Марија Корина Мачадо ја осуди денеска „кампањата на терор“ во Венецуела, на позадината на големите апсења за време на демонстрациите што следеа по спорниот реизбор на Мадуро.

-Тие сакаат да не заплашат да не комуницираме, бидејќи ако бевме изолирани ќе бевме многу послаби, а тоа нема да се случи... Стравот нема да не парализира и нема да ги напуштиме улиците, вели таа во видеото објавено на социјалните мрежи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан