• петок, 05 јули 2024

Венгер: Клоп не треба се меша во изборот на неговиот наследник во Ливерпул

Венгер: Клоп не треба се меша во изборот на неговиот наследник во Ливерпул

Ливерпул, 23 февруари 2024 (МИА) - Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Јирген Клоп не треба да се меша во изборот на неговиот наследник во Ливерпул.

Германскиот стручњак веќе ја отфрли можноста да им даде било каков совет на „црвените“ за тоа кој ќе го наследи на „Енфилд“.

- Не, мислам дека Ливерпул не треба да го користи во тој поглед, освен ако тој официјално не биде назначен од Ливерпул во советодавна функција. Ти си ја работиш својата работа и оставаш другите да си ја работат својата. Мислам дека клубовите работат подобро кога работите се случуваат на тој начин. Секој треба да ја работи работата за која е одговорен. Тогаш е јасно со кого да разговарате кога нешто не функционира, рече Венгер.

Поранешниот тренер на „топџиите“ откри и дека од него самиот не бил баран совет за негова замена по неговата одлука да го напушти тимот од Лондон.

Фаворит за работата на Клоп во Ливерпул е Чаби Алонсо, кој моментално го води Баер Леверкузен до историската прва германска титула.дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан