• петок, 22 ноември 2024

Венгер го прогнозира реваншот помеѓу Баерн и Арсенал

Венгер го прогнозира реваншот помеѓу Баерн и Арсенал

Лондон, 17 април 2024 (МИА) - Долгогодишниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер е оптимист за шансите на тимот во реваншот против Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првата средба на „Емирати“ заврши 2:2, што значи дека некој мора да победи вечерва.

-Според мене, шансите се 50:50. Во последно време Баерн е ранлив на домашен терен во Бундеслигата. Тие загубија од Борусија Дортмунд (0:2) во многу важен натпревар и нема да бидат целосно сигурни. Сè уште мислам дека Арсенал ќе може да се надигрува со Баерн,  изјави Французинот за „беИН Спортс“.

Во периодот од 2013 до 2017 година, тимот на Венгер забележа две победи и пет порази против Баварците во натпреварите од Лигата на шампионите.дс

Фото: Архива

Остани поврзан