• вторник, 05 ноември 2024

Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош

Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош

Скопје, 4 јануари 2024 

Почитувани карпошани, Среќна Нова 49-та!

Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. Имено, на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година.

На наше големо жалење градоначалникот на општина Карпош, г-динот Стевче Јакимовски, со помош на советниците од Гром, СДС и епските јунаци од политичкиот исцедок на СДС, Левица спроведе целосна и комплетна Талатизација на Советот на општина Карпош.

Пулените на шарениот револуционер Димитар Апасиев режираа класична трагикомедија во Советот на општина Карпош со непојавување на Претседателот на Советот на четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот.

Имено, борецот, левичарот и надобудниот Талат, за да му остави простор на Јакимовски насилно да го протнат буџетот, г-динот Бранко Ристов ненадејно добил напади на дијареа и влошување на општата здравствена состојба.

На седницата, полна со деловнички и законски недоследности какви што до сега никогаш не се случиле во Советот на општина Карпош, со флагрантно кршење на Деловникот на Советот на општина Карпош беа погазени легални поднесени амандмани, поднесени од легитимно избрани народни претставници - советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија.

Можеби советниците на Левица и нивниот претседател на Совет се надеваат или договориле определена награда од дилот меѓу Пуцко, Стевчо Јакимовски и СДС но треба да го знаат следново:

 1. На спроведеното насилство ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори со легални мерки и инструменти за да ги спречиме во криминалните дилови за бетонизација на Карпош

 2. Разголени и препознаени сте од граѓаните на Карпош, вашите фолирантски трикови ќе бидат казнети на изборите во мај, а потоа и на локалните избори.

 3. За ова денес ќе одговарате пред законот и институциите. 

 4. Почитувани карпошани, Борбата со коалицијата на градежната мафија, СДС, Јакимовски и Левица продолжува!

Бидете спокојни, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата стојат зад вас!

Роберт Велјановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан