• петок, 22 ноември 2024

Велч: Сенатот на САД работи на осигурување на достигнувањата од Дејтон и спречување на руското влијание во Западен Балкан 

Велч: Сенатот на САД работи на осигурување на достигнувањата од Дејтон и спречување на руското влијание во Западен Балкан 

Вашингтон, 4 декемри 2023 (МИА) - Западниот Балкан е жив пример за тоа дека дипломатијата спасува животи и која триумфираше со Дејтонскиот мировен договор oд 1996 година, изјави денеска американскиот сенатор Питер Велч на дискусија во Институтот за мир на САД (УСИП). 

-Не треба да ги прокоцкаме достигнувањата на Дејтонскиот договор во кој својата политичка кариера ја вложија повеќе сенатори како Боб Дол, Џорџ Бојнович и сенаторката Џин Шахин, изјави Велч, демократски сенатор од Вермонт. 

Тој истакна дека работата со потпишувањето на Дејтонскиот договор, сепак, не е завршена, и дека се уште е во фаза на имплемнатација која, според него, оди тешко бидејќи етничките тензии „воскреснуваат“. 

-Со Република Српска, со притисокот во Косово, и за тоа дали има доволно сили на ЕУ во земјата за да смири потенцијална ескалација на етничките тензии, истакна тој. 

Сенаторот рече дека „додека траат предизвиците со Украина, и со Израел и Газа на Блискиот исток, не смееме да го отргнеме вниманието од другите делови на светот (како Западен Балкан), каде руското влијание е големо и каде има потенцијал за ескалација што би било катастрофално за животот на луѓето кои живеат таму“. 

-Се надеам да продолжам да работам со сенаторот Шахин за да се осигура дека достигнувањата од Дејтон се трајни и дека се спротивставуваме на руското влијание кое посебно игра на етничките тензии во регионот. кб/ссм/

Остани поврзан