• петок, 05 јули 2024

Велика Британија ќе ги распореди своите борбени авиони Тајфун во Полска

Велика Британија ќе ги распореди своите борбени авиони Тајфун во Полска

Манчестер, 2 октомври 2023 (МИА) - Велика Британија распоредува ловци РАФ Тајфун во Полска за да помогне во одбраната на земјата од заканата од руска агресија, соопшти министерот за одбрана на Велика Британија Грант Шапс за време на говорот на конференцијата на Конзервативната партија во Манчестер.

Во својот говор на конференцијата Шапс зборуваше за начинот на кој Велика Британија го поддржува НАТО.

Министерот за одбрана кажа дека додека зборува, борбените авиони Тајфун слетуваат во Полска.

Според Би-Би-Си, Шапс рекол дека двата британски борбени авиони требало да ја заштитат Полска, каде наскоро треба да се одржат парламентарните избори, од руско мешање. Тој, исто така, рече дека под водство на Риши Сунак, Конзервативната партија ја става Велика Британија во срцето на НАТО. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан