• сабота, 21 декември 2024

Вежбовно гаѓање на полицијата со боева муниција на стрелиштето во Охрид

Вежбовно гаѓање на полицијата со боева муниција на стрелиштето во Охрид

Охрид, 6 јуни 2024 (МИА) – Припадници на редовниот состав од Полициската станица од општа надлежност, од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, денеска и утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.

За предвидените вежбовни активности претходнмо се известени соодветните служби и стрелиштето, Ловечкото друштво - Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Од полицијата апелираат до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. аб/са/

Фото: МИА

Остани поврзан