• понеделник, 23 декември 2024

Вајлдер и Фјури за малку ќе се степаа на прес-конференција

Вајлдер и Фјури за малку ќе се степаа на прес-конференција
Лас Вегас, 20 февруари 2020 (МИА) - Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и неговиот противник Тајсон Фјури за малку ќе имаа физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас. Двајцата лути ривали застанаа еден кон друг и почнаа да си кажуваат нешто в лице. Ова траеше околу една минута, по што Американецот го турна Британецот, по што на ист начин возврати Фјури. Тогаш реагираа членови на боксерските тимови и лицата од обезбедувањето кои спречија тепачка. Битката помеѓу Вајлдер и Фјури ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас. Триесет и четиригодишниот Вајлдер има 42 победи и 1 реми. Од друга страна, 31-годишниот Фјури  има 29 победи и 1 реми. Првиот меч меѓу нив се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено. зс/

Остани поврзан