Вашингтон пост: Трамп би извршил притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас
- Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би можел да ја заврши војната во Украина со притисок врз Киев да се откаже од некои територии, објави денеска „Вашинготн пост“, повикувајќи се на неименувани извори.
Вашингтон, 7 април 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би можел да ја заврши војната во Украина со притисок врз Киев да се откаже од некои територии, објави денеска „Вашинготн пост“, повикувајќи се на неименувани извори.
Планот на Трамп, наводно, се состои од притисок врз Украина да се откаже од Крим и Домбас во корист на Русија, тврдат соговорниците кои разговарале со Трамп или неговите советници.
Трамп претходно изјави дека доколку биде избран за претседател на САД на претстојните ноемвриски избори, може да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина и да донесе мир за помалку од 24 часа.
Изворите тврдат дека Трамп смета дека Русија и Украина „сакаат да го спасат образот и бараат начин да го прекинат конфликтот“, а „населението на Донбас и Крим би било подобро да живее под руска власт“. паг/
Фото:МИА архива