Ватикан: Продолжува постепеното опоравување на папата Франциск
- Постепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница „Агостино Џемели“, каде што се лекуваше од пневмонија, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Рим, 8 април 2025 (МИА) - Постепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница „Агостино Џемели“, каде што се лекуваше од пневмонија, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.
Процесот на закрепнување продолжува, а папата е добро расположен, пренесува „Ватикан Њуз“.
Како што се наведува, тој прима терапија и ги извршува работните активности, телефонски разговори и прима црковна документација. Остатокот од времето папата го поминува во одмор и молитви. рп/
Фото: ЕПА