• среда, 03 јули 2024

Вардар триумфално против Нексе во Нашице

Вардар триумфално против Нексе во Нашице
Нашице, 8 март 2020 (МИА) - Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе во Нашице со 31:30 во првиот четвртфинален меч во регионалната СЕХА лига. Најефикасен кај „црвен-црните“ беше Тимур Дибиров со 12 гола, Сташ Скубе даде шест. Прв стрелец во поразената екипа беше Пешиќ со седум гола. Реваншот меѓу Вардар и Нексе е наредната недела во Скопје. Победникот во четврт-финалната серија ќе се пласира на Фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 април. сѓд/лв/

Остани поврзан