• петок, 22 ноември 2024

Ванг Ји му кажал на новиот јапонски колега Иваји дека Пекинг се радува поради „новата атмосфера“ во соработката со новата јапонска Влада

Ванг Ји му кажал на новиот јапонски колега Иваји дека Пекинг се радува поради „новата атмосфера“ во соработката со новата јапонска Влада

Пекинг, 9 октомври 2024 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во телефонски разговор му кажал на својот нов јапонски колега Такеши Иваји дека Пекинг се радува поради „новата атмосфера“ во соработката со новата јапонска Влада.

Кинеската државна телевизија јави дека во телефонски разговор, Ванг рекол дека Кина ги почитува „позитивните сигнали“ од Јапонија во насока на стабилен развој на билатералните односи, како и дека се радува поради „новата атмосфера во јапонската влада и новите случувања во кинеско-јапонските односи“.

Кинескиот министер повика на напори за одржување на мирот „особено за да се спречат надворешните сили да сеат раздор и да предизвикаат регионална конфронтација. Се надеваме дека Јапонија ќе воспостави објективна, рационална, позитивна и пријателска перцепција за Кина“, му рекол тој на јапонскиот колега, според телевизијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан