• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Валандовското комунално претпријатие почнува со селектирање и на текстилен отпад

Валандовското комунално претпријатие почнува со селектирање и на текстилен отпад

Валандово, 7 април 2025 (МИА) - Во Валандово почнува селектирање и на текстилен отпад, соопштија денеска од ЈП „Комунален сервис“, кое селекцијата ќе ја врши во заедничка соработка со „Тексомак“ и „Selektiraj Otpad“.

Како што се наведува во соопштението, од денеска покрај пластика, лименки и хартија, граѓаните на Валандово ќе може да селектираат и текстилен отпад во виолетови ќеси.

Се додава дека ќесите може да се подигаат од комуналното претпријатие во Валандово, а процесот на собирање на истите од домовите бил веќе добро познат на граѓаните од Валандово, односно тие може да селектираат облека, перници, јоргани, постелнини, текстил на метража и пешкири. рт/са/

Фото: Комунален сервис Валандово

Остани поврзан