• недела, 22 декември 2024

Важна одлука на УЕФА пред завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

Важна одлука на УЕФА пред завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа
Нион, 4 август 2020 (МИА) - УЕФА донесе мала промена за завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, што може да значи многу за одредени клубови. Како што е потврдено од Нион, жолтите картони се бришат по завршувањето на преостанатите четири натпревари од осминафиналето во најелитното европско натпреварување и другите натпревари од осминафинале од Лигата на Европа. Ова значи дека ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид и Лајпциг, кои веќе стигнаа до четвртфиналето, се „исчистени“ од картони. Победничките екипи од преостанатите натпревари од осминафиналето (Барселона - Наполи, Челси - Баерн Минхен, Манчестер Сити - Реал Мадрид и Јувентус - Лион), ќе пренесат само потенцијални суспензии, односно ако некој е на картон од суспензија и го заработи, нема да можат да играат во четвртфиналето .

Тагови

Остани поврзан