• петок, 05 јули 2024

Буфон предлага да се зголемат димензиите на головите

Буфон предлага да се зголемат димензиите на головите

Рим, 1 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон предлага зголемување на димензиите на голот.

Според голманот, тоа се должи на фактот што модерните голмани станаа поголеми, а играчите од теренот почнаа да шутираат посилно.

Сегашните димензии на голот во фудбалот се висина 2,44 м, а ширината е 7,32 м.

- Можете да го видите ефектот на висината на голманот при ударите од далечина. Пред 30 години, на секои педесет удари имаше по десет гола. Денес три од 50 се многу. На голман од два метри е многу потешко да му се дади гол од далечина, изјави Буфон за „Тутоспорт“.

Буфон го објави своето пензионирање на 2 август 2023 година. Четириесет и петгодишниот голман бранеше за Парма, ПСЖ и Јувентус. Со репрезентацијата на Италија Буфон стана светски шампион во 2006 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан