• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман

Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски оваа сезона ќе дебитира во најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championship“.

Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда да учествува на ваква трка од светски размер.

- Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На легендарната трка „24 часа Ле Ман“ да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, изјави Бузалковски.

Годинава трката ќе се вози на 14/15 јуни и ќе биде 93-то нејзино издание. зс/

Фото: Бузалковски

Остани поврзан