• недела, 22 декември 2024

Бугарското Министерство за образование и наука издвои дополнителни 15,4 милиони лева за борба против пандемијата во образовниот систем

Бугарското Министерство за образование и наука издвои дополнителни 15,4 милиони лева за борба против пандемијата во образовниот систем
Софија, 8 ноември 2021 (МИА) - Министерството за образование и наука издвои дополнителни 15,4 милиони лева (едно евро = 1,96 лева) во буџетите на образовните институции за 2021 година, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука. Како што јави БТА, минатата недела средствата беа одобрени од Советот на министри за поддршка на справувањето со пандемијата во училиштата, градинките и центрите за поддршка на специјалното образование, како и за поддршка на личниот развој. Општините добиваат 13.691.607 лева за општински училишта, градини и центри. Покрај општините, средства се префрлаат и на неколку министерства за јавни училишта, кои се во нивна надлежност. За Министерството за млади и спорт се издвоени 52.466 лева, а за култура 158.772 лева. За Министерството за образование и наука се обезбедени 1.497.155 лева. Ќе се финансираат поединечни училишта, градинки, центри за посебна образовна поддршка и поддршка за личен развој. Износите се одредуваат по два критериуми - број на паралелки или групи и број на ученици или деца во соодветната образовна институција. Дополнителните средства треба да се искористат за антиепидемиски мерки, вклучително и за тестирање на персонал без зелен сертификат со брзи антигенски тестови, како и за дополнително наградување на наставниците и непедагошките специјалисти кои учествуваат во тестирањето на децата. ми/

Остани поврзан