• понеделник, 23 декември 2024

Бугарија бара од ЕУ да усвои унифицирано решение за вакцината Астра Зенека

Бугарија бара од ЕУ да усвои унифицирано решение за вакцината Астра Зенека
Софија, 8 април 2021 (МИА) - Бугарија инсистира на единствено решение за вакцината Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд. Овој став го искажа бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов за време на состанокот со министрите за здравство на Европската унија, јави дописникот на МИА од Софија. Министрите за здравство на ЕУ одржаа состанок преку интернет за да ги анализираат наодите на Европската агенција за лекови за да потврдат дали постои можна врска помеѓу вакцината и необичниот случај на згрутчување на крвта. Бугарскиот министер за здравство за време на состанокот истакна дека паневропскиот пристап е вистинското решение и е во интерес на сите граѓани на ЕУ и регулаторите. Сепак, земјите-членки на ЕУ не постигнаа заеднички став за употребата на вакцината. Во Бугарија, Астра Зенека ќе продолжи да се користи со претпазливост че се аплицира кај жени на возраст под 60 години кои користат хормонски контрацептиви, имаат прекумерна тежина, имаат хипертензија или пушат. Причината е што во оваа возрасна група најчесто пријавени несакани ефекти. нк/

Остани поврзан