• сабота, 23 ноември 2024

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација

Бубрегот од починатата девојка трансплантиран кај 27-годишен пациент, во тек втората трансплантација
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората трансплантација кај 40-годишен пациент со хронична бубрежна болест.
- Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести, соопшти Министерството за здравство.
Двата бубрега доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за урологија.
Претходно, на 22 годишен пациент кој имал сериозно заболување на срцето, му е трансплантирано срцето од починатата девојка. бак/мс/

Остани поврзан