• недела, 23 јуни 2024

Бројот на починати од труење со метил алкохол во Индија се искачи на 54

Бројот на починати од труење со метил алкохол во Индија се искачи на 54

Њу Делхи, 22 јуни (МИА) - Бројот на жртви од труење со метил алкохол во Индија денеска се зголеми на 54, изјави денеска претставник на локалната власт.

Луѓето се затруени во сојузната држава Тамил Наду на југот на Индија, каде покрај смртно настраданите уште најмалку 142 лица се хоспитализирани на одделот за токсикологија во локалната медицинска установа, пренесува порталот Хинду.

Речиси 200 луѓе со симптоми на интоксикација се лекувани од пред три дена во областа Калакуричи, на околу 250 километри од Ченај, главниот град на државата.

Полицијата привела четири лица за нелегална продажба и запленила 200 литри алкохол. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан