Бројот на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се искачи над 5.000
- Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урн
![Бројот на загинати од земјотресот во Турција и Сирија се искачи над 5.000](https://new.mia.mk/images/20230207102137_big_730x400_28.webp )
Анкара, 7 февруари 2023 (МИА) - Бројот на загинати во големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија денеска се искачи над 5.000, покажаа официјалните податоци, а спасувачките тимови се уште трагаат по преживеани под урнатините.
Најмалку 3.419 луѓе загинаа во Турција и 1.602 во делови на Сирија под контрола на владата и бунтовниците, со што вкупниот број достигна најмалку 5.021, соопштија официјални лица и медицински извори. паг/