• петок, 05 декември 2025

Британскиот крал и кралица кон крајот на месецов во посета на Канада

Британскиот крал и кралица кон крајот на месецов во посета на Канада

Лондон, 2 мај 2025 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила на крајот на месецов ќе ја посетат Канада за прв пат по нивното крунисување и ќе присуствуваат на свечена седница на новиот состав на парламентот во Отава.

Чарлс, кој е и крал на Канада и ќе патува во земјата со неговата сопруга помалку од еден месец по победата на изборите на Либералната партија на поранешниот гувернер на Банката на Англија, Марк Карни.

Ривалот на Карни, популистичкиот конзервативен лидер Пјер Поилиевр, беше во водство додека американскиот претседател Доналд Трамп не ја нападна Канада со трговска војна и закани за анексија на земјата како 51-ва американска држава.

Бакингемската палата соопшти дека кралот и кралицата ќе ја посетат Канада на 26 и 27 мај.

- Кралот, придружуван од кралицата, ќе присуствува на државното отворање на Парламентот на Канада, во Отава, се вели во соопштението“. јт/

Остани поврзан