• сабота, 21 декември 2024

Британската Влада ќе предложи измени што може да доведат до тровска војна со ЕУ

Британската Влада ќе предложи измени што може да доведат до тровска војна со ЕУ
Лондон, 13 јуни 2022 (МИА) - Владата на Велика Британија денеска ќе предложи закон со што еднострано ќе се укинат правилата за трговија со Северна Ирска, воведени по Брегзит. Но, со тоа можеби ќе започне трговска војна со Европската Унија. Според Лондон, предност и понатаму има договорот со ЕУ за реформата „Северноирскиот протокол“. Но, во отсуство на договор преку дијалог, законот би стапил на сила за да ги замени одредбите од британскиот договор за повлекување од ЕУ. Со тоа, британската Влада тврди дека не го прекршува меѓународното право. Британскиот министер за Северна Ирска, Брендон Левис изјави дека протоколот ја нарушува трговијата и оти ја загрозил работата на властите во покраината, поради отпорот на унионисти. - Затоа, правилно е тоа да го поправиме, истакна Левис. Потребата да се заштити мировниот договор од 1998 година во Северна Ирска, како што Левис нагласи, има „примат“ над протоколот. Тој ги отфрли заканите на поединци од ЕУ дека едностраните промени може да поттикнат суспензија на поширок трговски договор, договорен во рамки на повлекувањето на земјата од Европската Унија, што би довело до санкции и царини против Велика Британија. Земјата тешко може да си дозволи трговска војна, во период кога нејзините граѓани се борат со најлошата инфлациска криза во една генерација. - Сметам дека таквите пораки навистина се бескорисни, додаде министерот. Тој укажа на потребата, Велика Британија и ЕУ заедно да дејствуваат против руската инвазија на Украина. Меѓутоа, во ЕУ трпението кон тактиките на премиерот Борис Џонсон е сè помало, според ирската Влада. Ирската националистичка партија Шин Фејн вчера го обвини Џонсон за жртвување на стабилноста во Северна Ирска поради сопствен опстанок, откако тој тесно ја доби довербата на конзервативците. Според британската опозициска Лабуристичка партија, Владата нема основа да тврди дека нејзиното решавање на спорот е законско. бд/зш/

Остани поврзан