• петок, 22 ноември 2024

Брендан Фрејзер заплака при шестминутните овации по премиерата на „Кит“

Брендан Фрејзер заплака при шестминутните овации по премиерата на „Кит“

Лос Анџелес, 5 септември 2022 (МИА) - Ако светската премиера на „Кит“ (The Whale) на Филмскиот фестивал во Венеција вчеравечер е некаков показател, тогаш - Брендан Фрејзер се враќа „на голема врата“ во Холивуд.

Кога се појави одјавната шпица на драмата на Дарен Аронофски, во којашто Фрејзер глуми хомосексуалец од „250 килограми“, врзан за ортопедска количка, глумецот беше совладан од емоции и заплака при шестминутните овации. Ова веројатно ќе го стави во првите редови на следната трка за „Оскар“ за најдобра машка улога. https://www.youtube.com/watch?v=T1tmDvCJEUE Филмот „Кит“ раскажува за човек со огромен вишок килограми, кој се бори повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка, којашто ја глуми Сејди Синк. Во споредите улоги се појавуваат Хонг Чау, Саманта Мортон, Тај Симпкинс... Филмот е заснован на истоимената драма на Самуел Д. Хантер, кој го адаптираше и сценариото. За да го долови главниот лик, Фрејзер носел протетички костум и минувал до шест часа на ден во таа маска. Од 118 гласови на ИМДБ засега, филмот има висока оценка од 8,7 / 10. Киноприкажувањата се закажани за декември годинава.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан