• четврток, 19 март 2026

БМВ ја претстави новата електрична “тројка”

БМВ ја претстави новата електрична “тројка”

БМВ го претстави новиот i3, првиот целосно електричен модел од серијата 3. Новиот модел е изграден на платформата “Neue Klasse” и доаѓа по iX3 како дел од следната генерација електрични возила на брендот.

На врвот на понудата е i3 50 xDrive, модел со 463 коњски сили и погон на сите тркала со два електромотори, по еден на секоја оска.

Една од најсилните страни е автономијата. БМВ проценува до 700 километри со едно полнење според EPA стандарди. Доколку ова се потврди во реални услови, i3 би можел да биде еден од електричните седани со најголем досег.

Моделот користи 800-волтна архитектура која овозможува многу брзо полнење до 400 kW. Иако точните времиња за полнење сè уште не се објавени, се очекува значително намалување на времето поминато на полнач. 

Во внатрешноста, i3 добива нов дизајн на воланот со 4 краци и нов “Panoramic Vision” дисплеј прикажува информации директно во видното поле на возачот. Главниот екран од 17.9 инчи ги контролира повеќето функции, а достапен е и 3D “head-up” дисплеј.

 

Технологијата е на високо ниво. i3 доаѓа со најновиот “iDrive” систем и AI асистент. Работи на новиот “X” оперативен систем и користи четири моќни компјутери, со значително поголема процесорска моќ од претходно.

Официјални цени сеуште не се објавени, а се очекува првите возила да бидат испорачани во есен.

Фото: принт скрин од Youtube

 

Тагови

Остани поврзан