• четврток, 19 декември 2024

Брегалница реди победи во Анталија, инцидент на дуелот на Шкупи

Брегалница реди победи во Анталија, инцидент на дуелот на Шкупи
Белек, 29 јануари 2022 (МИА) – Македонските фудбалски прволигаши Брегалница и Шкупи забележаа половичен успех на денешните подготвителни натпревари во Анталија, откако штипскиот состав триумфираше над казахстански Тобол со 3:0, додека есенскиот шампион загуби од руски Факел Воронеж со 1:0. Штипска Брегалница во доминантен стил ја продолжи победничката серија на подготовките во Турција и со три голови во завршниот половина час од дуелот го совлада казахстанскиот шампион. Стрелци во триумфот на Брегалница беа Урош Дамњановиќ во 65 и 78. минута и Милан Ѓокиќ во 84. минута. Есенскиот првак Шкупи загуби на контролниот натпревар против рускиот второлигаш Факел со 1:0, а натпреварот кој од трибините го следеа селекторот на македонскиот национален тим Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 21 година Драган Канатларовски, предвреме заврши поради физичка пресметка меѓу двата табори на теренот во финишот на дуелот. ег/вј/  

Остани поврзан