Бразилскиот голман Фабио го собори рекордот на Шилтон
- Бразилскиот голман Фабио Дејвсон Лопез Масиел го собори рекордот на поранешниот легендарен англиски репрезентативец Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионална конкуренција објави неговиот клуб Флуминенсе.
Рио де Женеиро, 20 август 2025 (МИА) – Бразилскиот голман Фабио Дејвсон Лопез Масиел го собори рекордот на поранешниот легендарен англиски репрезентативец Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионална конкуренција објави неговиот клуб Флуминенсе.
Фабио (44) го одигра својот 1391 натпревар во осминафиналето на Копа Судамерикана – јужноамериканскиот пандан на Лигата на Европа – во кој неговиот Флуминенсе ја победи изминатата вечер Америка де Кали со 2-0 на „Маракана“.
Своето професионално деби Фабио го имаше во 1997 година и целата своја кариера ја помина во Бразил, настапувајќи за Униао Бандеиранте, Атлетико Паранаенсе, Васко де Гама, Крузеиро и Флуминенсе.
Според Гинисовата книга на рекорди, Шилтон го држеше досегашниот рекорд со 1.390 настапи, иако самиот тврди дека одиграл 1.387.
Фабио никогаш не настапи за сениорската репрезентација на Бразил, иако го освои Светското првенство во 1997 година со репрезентацијата до 19 години.ег
ФОТО: ЕПА