• петок, 22 ноември 2024

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција

Кавадарци, 19 април 2024 (МИА) - Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС. 

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се  покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции. 

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев. свд/сст/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан