• петок, 22 ноември 2024

Бојмацалиев: Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 само во Скопје

Бојмацалиев: Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 само во Скопје

Скопје, 14 март 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител беше запрашан за конкретни бројки колку граѓани се фотографирани, а не ги подигнале личните документи.

„Околу 48.000 пасоши на ниво на државата не се одобрени, луѓето се сликале, а не се ставени на печатење, со тоа го пробиваме законскиот рок. На ниво на лични карти, бројката е 33.000 на ниво на државата, а на ниво на Скопје - 44.000 пасоши и 30.000 лични карти. Со ова се потврдува уште еднаш тезата дека внатрешноста е скоро завршена, граѓаните ги имаат заменето своите лични документи, остана само Град Скопје”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој оддаде признание на вработените во управните служби и уште еднаш потенцираше дека нема никаква саботажа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Морам да признаам дека колегите внатре работат макотрпно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, само треба подобро менаџирање, кое порано го имаше”, рече Бојмацалиев.

Сектор за односи со јавност и протокол на Министерство за внатрешни работи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан