• четврток, 19 декември 2024

Бојмацалиев: МВР за 2023 е на прво место од владини институции за примена на системот за интегритет, клучен против корупцијата

Бојмацалиев: МВР за 2023 е на прво место од владини институции за примена на системот за интегритет, клучен против корупцијата

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев информира дека денеска Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави извештајот за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, при што утврдено е дека МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетоста на обврските за примена на системот за интегритет.

- МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет. Високото 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција се должи на целосната трансформација изминативе години од 2017 до денес, од институција со целосна срушена доверба до институција со најголема доверба меѓу граѓаните. За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР - Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за „Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството, стои во соопштението од МВР.

Како нов услов за засновање на работен однос, како што се наведува, е кандидатот да има положено Тест за интегритет.

- За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет, се вели во соопштението.

- Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди. Преку мотото „МВР за граѓаните“ изградивме институција на професионалци со кредибилитет и професионален интегритет. Интегритетот како професионална категорија е клучна во градењето на силни институции отпорни на корупција и со тоа градењето доверба кај граѓаните. Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните”, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик-министер Бојмацалиев. мд/аа/

Фото: МИА архива и МВР 

Остани поврзан