• понеделник, 23 декември 2024

Бош убеден дека Хаверц ќе остане во Баер за Лига Европа

Бош убеден дека Хаверц ќе остане во Баер за Лига Европа
Леверкузен, 25 јули 2020 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Питер Бош смета дека офанзивниот играч од средниот ред Каи Хаверц ќе биде во тимот следниот месец и ќе им помогне на „фармацевтите“ во Лигата на Европа. Со денови се пишуваше дека Хаверц ќе го засили тимот на Челси ова лето, се споменува вредност на трансфер од 100 милиони евра, а таа можност ја објави новиот член на Баерн, Лерој Сане. Тој на презентацијата во Баерн рече дека „добро е што Челси потпиша со два одлични германски таленти“, осврнувајќи се на Вернер и Каи Хаверц. Во секој случај, и ако тоа е точно, прашање е дали Баер би му дозволил да ги засили „сините“ пред крајот на натпреварувањето во Лигата на Европа, на почетокот на август. Техничкиот директор на Челси, Петр Чех, се очекува да разговара со челниците на Баер овој викенд и да заврши сè за трансферот, но тренерот на „фармацевтите“, Бош, сепак верува дека Хаверц ќе ја заврши сезоната во Леверкузен. - Каи Хаверц ќе биде таму на почетокот на тренинзите. Убеден сум дека тој ќе биде со нас во продолжението од Лигата на Европа, рече Бош. Германскиот клуб ќе се сретне со тимот на Ренџерс на 6 август. Хаверц имаше одлична сезона постигнувајќи 17 голови со девет асистенции на вкупно 43 натпревари. Фудбалерот е поврзуван и со Реал и со Манчестер Јунајтед, но очигледно е дека Челси ја доби битката и се верува дека ќе му понудат плата од 153.000 евра неделно. Челси понуди компензација од 77 милиони евра, но Баер сака 100 милиони и тие се подготвени да им дозволат на Англичаните да ја направат исплатата и на рати. За потсетување, Челси веќе ја заврши целата работа поврзана со трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг и Хаким Зијеш од Ајакс.

Тагови

Остани поврзан