Босилово и Василево ги повикуваат граѓаните да пријават штети од невремето од 7 мај
- Општините Босилово и Василево ги повикуваат граѓаните кои претпреа штети од невремето проследено со град, кое ги зафати на 7 овој месец, да поднесат барања до комисиите за проценка на штета од природна непогода врз земјоделски култури.
Босилово/Василево, 10 мај 2025 (МИА) - Општините Босилово и Василево ги повикуваат граѓаните кои претпреа штети од невремето проследено со град, кое ги зафати на 7 овој месец, да поднесат барања до комисиите за проценка на штета од природна непогода врз земјоделски култури.
Барањата за проценка на штетата во Босилово ќе се примаат од 12 до 16 мај со важечки имотен лист, лична карта и трансакциска сметка.
И во Василево е формирана комисија за проценка на штетите и таму барањата може да се поднесуваат до 20 мај.
Пред три дена овој регион беше зафатен со невреме од град, а најмногу штети претрпеа зелката на отворено и други земјоделски култури. рт/аа/
Фото: МИА архива