• четврток, 26 декември 2024

Борел: Западен Балкан е приоритет за ЕУ и за САД

Борел: Западен Балкан е приоритет за ЕУ и за САД
Брисел, 24 март 2021 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Западен Балкан останува приоритет и за Европска Унија и за САД. - Државниот секретар веќе подолг период е ангажиран по прашањето за Западен Балкан, истакна Борел. Тој нагласи дека ЕУ и САД заеднички ќе работат на помирување, унапредување на раководењето и клучните реформи што ќе овозможат интеграција на Западен Балкан во ЕУ. ми/

Тагови

Остани поврзан