• понеделник, 23 декември 2024

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН

Борел:  ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН

Брисел,  2 април 2023 (МИА) - Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел.

-Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е постојана членка на Советот за безбедност, Русија продолжува да ја крши самата суштина на правната рамка на ОН, рече Борел.

Русија од вчера го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН во текот на април, а Москва соопшти дека нејзината делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Првиот состанок на Советот за безбедност под руско претседателство треба да се одржи утре, но тоа ќе биде само вообичаените разговори зад затворени врати за работната програма за месецот.

Потоа, како што е вообичаено, новиот претседавач, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, треба да има прес конференција на која ќе ги изложи чекорите што треба да се преземат во текот на месецот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на „реформа на глобалните институции, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН“.

-Терористичката држава мора да биде спречена да го уништи светот. Терористите мора да изгубат, мора да бидат одговорни за теророт и никаде да не претседаваат, рече Зеленски. сд/

Остани поврзан